Категории

ЉУБОВЕН ХОРОСКОП: Погледнете што ве очекува во февруари

Овен

Родените во овој знак ги очекуваат убави и добри нешта, кога станува збор за периодот кој следи. Тоа што ќе биде интересно е вашиот сексуален живот, во кој ќе се залагате нештата да бидат што е можно поразновидни. Тоа најмногу ќе му се допадне на вашиот партнер, што ќе ја поттикне и романтичната страна на вашата врска. Слободните претставници на овој вак ги очекуваат нови познанства, дружење и флерт. Сосема можно е да запознаете личност со која ќе вопоставите нов подлабок однос.

Бик

Наредниот период ќе ви послужи за да ги зајакнете односите со вашето семејство и пријатели, па така тие ќе ви бидат многу важни во деновите кои следуваат. Ќе сакате да минувате повеќе време со нив, така што ќе се чувствувате многу убаво и пријатно.
Доколку сте слободни, можно е да бидете привлечени од личност чие однесување, манири и духовита страна ќе ве освојат. Физичката привлечност ќе ви биде важна, но и не и пресудна во овој случај.

Близнаци

Првиот месец од оваа година не ви беше многу наклонет кога станува збор за емотивните односи. Се чувствувате незадоволни за сите нешта, односно поради тоа што ништо значајно не се случуваше. Меѓутоа, во натамошниот период сето тоа се менува, особено на почетокот на февруари. Тие кои се чувствуваа осамено ги очекуваат бројни изненадувања, односно романтики и нежност кои ќе ви одговараат. Меѓутоа, немојте да брзате и да влегувате во односи за кои не сте сигурни дека се вистински и водете сметка да не ја повредите другата страна.

Рак

Месецот кога вашите емоции ќе се покажат во својот вистински облик е овој месец. Ова е и месецот во кој нема претерано да реагирате емотивно. Меѓутоа, не се грижите за тоа бидејќи вашиот партнер ве сака од тие причина и вашата емотивна страна е слатка за нив.
За слободните претставници на овој знак се препорачува да обрнат внимание на пријателите и семејството, бидејќи навистина им недостасувате и лесно би можеле да ви замерат.

Лав

Време за промени. Доволно време обрнувавте внимание на потребите на луѓето околу себе, семејството и пријателите додека себеси се стававте на второ место. Токму и поради тоа чувствувате незадоволство кое ве мачи веќе некое време. Утехата во сето тоа што сите околу вас го ценат вашето несебично давање, а посебно вашата сакана личност, која ќе ве опсипе со романтични гестови и нежност. Време е да уживате со партнерот/партнерката и да внесете интересни нови нешта во вашиот љубовен и сексуален живот. Доколку сте слободни ќе го привлечете вниманието на квалитетна личност, која ќе успее да го освои вашето срце.

Девица

Периодот кој е пред вас ви носи многу романтики и нежност, посебно доколку сте во врска и имате сакана личност на која можете да се потпрете и да се опуштите во потполност.
Слободните Девици ќе бидат привлечени од личност која е на високо духовно и интелектуално ниво. Нема да бидете многу заинтересирани за физичкиот изглед и затоа со промената на стандардите, ќе стекнете нови познанства и ќе уживате во дружењето и флертот.

 

1 2

Прегледи:
709
Објавено на:
01.02.2017