Категории

ЉУБОВЕН ХОРОСКОП: Погледнете што ве очекува во февруари

Вага

За вас февруари ќе биде месец во знак на семејството, со оглед на тоа дека потребно е да ги слушнете и нивните потреби. Внимавајте, на некои од нив сте им потребни, а вие не го забележувате тоа. Освен тоа, ова е месец кој ќе го паметите по убави случувања. Романтиката ќе биде во прв план, а ќе бидете привлечени од личност на која никогаш не сте ни помислиле, а која е во вашата близина. Севкупно, ова е месец полн со забава, дружење и флерт.

Шкорпија

Доколку сте во врска, февруари е месец во кој ќе се најдете на „мирна улица“. Нештата ќе бидат како што ви одговара и ќе уживате со саканата личност. Доколку сте слободни, време е тоа да се промени. Повеќе од било кога, ќе имате опција да сретнете личност со која ќе започнете убави и квалитетна врска и која мошне брзо ќе ве освои. Но, она што ќе ве звунува е вашата постојана потреба да се премислувате, претерано да размислувате и да одите со разумот. Пуштете срцето да ве води и ќе видите дали сте донеле добра одлука.

Стрелец

Љубовниот живот не ви беше во најдобра форма периодов и многу бевте незадоволни. Но, време за промени во вашиот живот. Како што покажуваат ѕвездите, ситуацијата сериозно се менува кај вас. Ве очекува интересен период, а нашиот совет е да се опуштите и да се препуштите на емоциите. Така ќе доживеете навистина убави работи.

Јарец

Месецот февруари е месец на љубовта кај вас, не само кај другите. Ќе уживате во вниманието и љубовта која ја добивате од партнерот/партнерката и затоа февруари ќе биде задоволувачки и мирен месец, како што секогаш посакувате. Без многу промени и случувања, ова ќе биде мирен и солиден месец, со што ќе бидете задоволни. Слободните Јарци не ги очекува промени во статусот на врската, па затоа наредниот период ќе уживате во флертот и дружењата.

Водолија

Доколку сте слободен претставник на овој знак, треба да знаете дека ве очекуваат промени. Прво ќе сакате авантури и кратки познанства во што сигурно ќе уживате, но потоа следи едно многу интересно познанство, што има можност да премине во фина и квалитетна врска. Немојте да се чудите ако тоа е со личност со која на почетокот сакавте само незадолжителен секс. Водете сметка за семејните односи, бидејќи можат да настанат проблеми поради некои помали ситници.

Риби

Наредниот период ве очекуваат несогласувања, бидејќи ќе ви изгледа како вашите желби и оние на партнерот да се малку различни. Сепак, важно е да научите да воспоставите баланс, за да функционира како што сакате. Пуштете времето да покаже дали тие разлики можат да се надминат и дали ќе успеете да прејдете преку нив. Слободните претставници на овој знак се подготвени за романса која наскоро и ќе им се оствари.

1 2

Прегледи:
705
Ознаки:
Објавено на:
01.02.2017