Категории

Љубовен хороскоп за Јули 2016-та

Љубовен хороскоп за Јули 2016-та

OВЕН ( 21 март-20 април)

Луѓето од вашата непосредна околина ќе ве поттикнуваат на поголема раздвиженост и ќе  создадат услови за средби со нови лицa. Можете да се најдете на многу интересен социјален или уметнички настан, што ќе ве поттикне на нови љубовни потези.

БИК  (21 април-21 мај)

Ќе се ослободите од некои грижи, сфаќајќи дека ве оптоваруват без вистинска причина. Ќе се фокусирате на она што го имате. Тоа ќе биде вистински знак на вистинска зрелост, што ќе ја освежи на вашата врска, а  партнерот ќе ве цени уште повеќе.

БЛИЗНАЦИ (22 мај-21 јуни)

Ќе почувствувате благо олеснување, затоа што нештата ќе ги прифатите реално. Сепак, ова е сéуште далеку од вашите соништа бидејќи ќе бидете склони кон идејата дека можете да се повлечете во својот свет на фантазија и осаменост. Не правете си го тоа себе си. Сепак, подобро е да бидете со луѓе.

РАК  (22 јуни-23 јули)

Друштвеноста и комуникативноста ќе бидат особините што ќе можете да ги покажете  во вашиот приватен живот. И покрај тоа што чувствувате дека во оваа смисла станувате се посилни, можноста за вербални недоразбирања и кавги со вашиот партнер ќе биде подеднакво силна.

1 2 3

Прегледи:
1432
Објавено на:
30.06.2016