Категории

Љубовен хороскоп за Јули 2016-та

СТРЕЛЕЦ (23 ноември-21 декември)

Нема да  дебатирате зошто е нешто  такво какво што е, затоа што знаете дека ќе помине. Со мир ќе одржувате статус кво. На сите околу вас ќе им посакате добра забава, а вие ќе се сокриете во вашиот интимен свет, било сами или во пар.

ЈАРЕЦ (22 декември-20 јануари)

Личност со која што работите ќе стори сé за да ве запознае малку подобро. Можеби ќе се обиде да ви пријде додека вие цело време ќе барате нешто скриено, неопипливо, суптилно. Ќе се раководите од својата интуиција.

ВОДОЛИЈА  (21 јануари-19 февруари)

Ќе се обидете да бидете пољубезни кон саканата личност, а тоа ќе донесе некои подобрувања во вашата врска. Партнерот ќе ви ја покаже својата чувствителност. Вам ви останува да го прифатите и да покажете љубов.

РИБИ (20 февруари-20 март)

Бидејќи се уште не можете да ги најдете вистинските зборови, љубовта ќе ја покажете на некој друг начин. Впрочем,  не треба секогаш да се зборува. Помало нерасположение ќе биде поврзано со тенденцијата за доминација на еден од вас.

Извор: http://interior.mk

1 2 3

Прегледи:
1432
Објавено на:
30.06.2016