Лав
Како и секогаш, кога доаѓа убавото време и пролетта, огнените Лавови не можат да се смират и се склони на флертување и љубовни авантури повеќе од вообичаено. Секако, ретко кој ќе остане имун на вашиот шарм, посебно во април. Оние кои се веќе долго време сами ќе запознаат некоја личност поради која пеперутките повторно ќе проработат. Една Девица или Скорпија ќе бидат одличен избор за врска или авантура. Лавовите кои се во врска во април ќе одлучат дали сакаат да ја спасат својата врска или да ја прекинат. Не носете одлуки во бес и пред нив добро размислете.
Девица
Можеби се плашите да се сретнете со некој од минатото, но токму тоа ќе ви се случи во април. Размислете дали е можеби нешто што сте го очекувале и нешто на што сте се надевале претходните месеци. Април е месец кога многу подобро е да останете сингл, бидејќи само еден лош избор може повторно да ви донесе проблеми.
Вага
Пролетта и април ќе ви донесат во животот некоја млада личност на која тешко дека ќе останете имуни. Без грижи, релаксирајте се и не размислувајте за последиците, бидејќи конечно ќе дојдат вашите пет минути. На Вагите кои се во врска, ѕвездите им препорачуваат конечно да соберат храброст, да кажат „Да“ и да не ги одложуваат плановите за заедничка иднина. Крајот на април носи мали несогласувања помеѓу партнерите кои можат да ги решат само ако се потполно искрени и не ги слушаат приказните од страна.
Скорпија
Страсните Скорпии долго чекаа да дојдат нивните пет минути кога се во прашање љубовта и врските. Токму сега можат да земат оддишка, бидејќи во април сè ќе се одвива по нивните планови. Без оглед на статусот, Скорпиите толку ќе уживаат во вниманието на спротивниот пол, што постои можност да се појави флертување и на работното место. Сепак, внимавајте да не бидат тоа надредените, па следниот месец да ја изгубите можноста и за љубов и за работа. Сконцентрирајте се на некоја личност во знакот на Лав или Јарец со кои ве очекуваат убави заеднички моменти.