Категории

Љубовен хороскоп за месец април – проверете што ве очекува

Стрелец

Април на слободните Стрелци ќе им донесе многу позитивна енергија кога е во прашање љубовта. За нив нема да постојат никакви препреки во однос на освојувањето на личности од спротивниот пол. Токму затоа, оваа пролет може да ви се случи да западнете во забранета љубов. Стрелците кои неодамна раскинале, ѕвездите ги советуваат да не се враќаат на минатото, туку да ја остават моменталната ситуација таква каква што е. Во април ве очекуваат бројни предизвици и нови ситуации кои морате да ги искористите на вистинскиот начин.

Јарец

Јарците ќе мораат уште малку да бидат трпеливи и да го почекаат нивното време за љубов. Април ќе биде месец кога ќе ги лечите старите љубовни рани и ќе се подготвувате за нова животна епоха. Ѕвездите ги советуваат Јарците да не избрзуваат во донесувањето на одлуки кои се поврзани со нивниот љубовен статус. Дозволете времето да одлучи наместо вас. Јарците кои се во врска ќе имаат помалку недоразбирања во втората декада од април.

Водолија

Слободните Водолии во текот на април ќе уживаат со полни гради. Убавото време, добрата енергија и љубовниот занес ќе ве раздвижат и конечно ќе ги признаете вашите емоции на некој од огнените знаци. Најдобро од сè е што вашата внатрешна сила и позитивните вибрации ќе ве натераат да не се плашите од одбивање, ниту од последиците. Слободно релаксирајте се и излезете на јавни места, бидејќи токму тука може да ве чека вашата сродна душа. Водолиите кои се во врска ќе се концентрираат на плановите за заедничка иднина, но една расправија во април ќе им ја разниша моменталната сигурност.

Риби

Емотивните Риби во текот на април ќе се соочат со бројни искушенија. На прво место ќе се запрашате дали да ѝ дадете втора шанса на старата врска или дали можеби подобар избор е да излезете на пијачка со некоја Скорпија. Што и да изберете, не морате да се грижите за исходот. Април е месец во кој ќе бидете поштедени од разочарувања и емотивни рани. Рибите кои се во врска ќе уживаат во заедничките моменти со саканата личност и токму сега ќе посакаат уште посериозна врска.

1 2 3

Прегледи:
932
Објавено на:
01.04.2016