ОВЕН (21 март – 20 април)
Октомври за Овните ќе биде многу добар месец, особено кога станува збор за љубовните врски. Она што ќе направи и вие да се чувствувате подобро и сè да тргне кон подобро се подобрувањата во комуникацијата. Затоа, треба да се посветите на партнерот и на некои несогласувања што се меѓу вас, бидејќи брзо и успешно ќе ги решите. Оние кои се во врска ќе сакаат да направат некои промени, што веројатно ќе влијае врз некои големи одлуки, како на пример да живеете заедно или да го проширите семејството. Не, нема да им биде убаво само на оние кои се во брак или во сериозна врска, туку исто така и слободните ќе уживаат овој месец. Доволно долго сте биле без партнер, но тоа би требало да се промени, бидејќи доаѓаат денови кога ќе имате многу можности да запознаете некој нов, интересен и квалитетен партнер за сериозна врска. Водете сметка некој кој ви се допаѓа да не ви стане опсесија, бидејќи тоа може да направи вашите планови за совршена врска да пропаднат.
БИК (21 април – 20 мај)
Бикови, октомври ви носи некои ситни проблеми кога станува збор за емотивниот живот. Потребно е секогаш да размислувате што да направите и што да кажете, за да ја одржите рамнотежата со партнерот и да не наидете на некои поголеми расправии. Речиси сè што ќе се случува ќе успее да ве нервира и сè што ќе се каже ќе го сфаќате многу лично, што, всушност, ќе доведува до расправии со партнерот. Обидете се во комуницирањето да бидете смирени и трпеливи; на тој начин ќе ја одржувате рамнотежа меѓу вас. Додека Биковите во врска или во брак имаат некои проблеми, слободните како да се заветиле на осаменост и самотија. Не се препуштате лесно, ги држете чувствата подалеку за да не се случи да се вљубите. Сепак, ќе ви годи дружењето и флертувањето овој месец, што може да доведе и до некоја нова љубовна врска.
БЛИЗНАЦИ (21 мај – 20 јуни)
Ооктомври на Близнаците не им носи многу нови нешта кога станува збор за љубовта. Уживајте со партнерот, вниманието и нежноста што ви ги дава, но, сепак, постојат некои работи што умеат да ве исфрлат од колосек. Тоа е затоа што немате јасно дефинирани начини на однесување, еден на друг понекогаш не си го почитувате личниот простор, слободното време и времето за себе, но кога јасно ќе си кажете што на кого му пречи, тогаш ќе добиете и врска од соништата. Колку добро им оди на оние во врска, исто толку е добро и кај слободните Близнаци. И тие уживаат во дружење, флерт, но октомври носи и доста поголеми сексуални апетити, па со оглед на тоа ова ќе биде многу убав и интересен месец.
РАК (21 јуни – 20 јули)
Интересен месец за, речиси, сите пропадници на овој хороскопски знак. Ќе почувствувате наплив на позитивна, младешка енергија, што ќе влијае во голема мера врз вашиот љубовен живот и одлуките што во врска со него ќе ги носите. Ако имате некој со кого повремено се гледате или личност со која навистина не сакате сериозна врска, тогаш треба да се запрашате дали таа личност сака истото, за да не се случи да се повредат нечии чувства. Меѓутоа, позитивната енергија која преовладува кај вас предизвикува зголемување на сексуалната страст, па во однос на тоа и се однесуваат како ви се допаѓа и годи. Ниту кај слободните Ракови не е поинаку, ви годат дружења, отворен флерт, без поголеми емоции. Ова е период кој е погоден за сите оние кои се во долги врски, бидејќи уште повеќе ќе се зближите со партнерот.
ЛАВ (21 јули – 21 август)
На Лавовите им претстои месец кој носи помали проблеми во комуникацијата со партнерите. Нема да бидете толку расположени да ја разберете секоја постапка вашиот партнер, што ќе доведе до некои расправии и несогласувања меѓу вас. Потребно е да имате малку трпение, разбирање, со цел да се смират страстите, со цел да не се создаваат проблеми од ништо. Не мора секогаш да барате мислење од други и нивни совети, понекогаш е доволно да слушнете што ви порачува интуицијата, па ќе го направите вистинскиот потег. Ова секако важи и за слободните Лавови – доколку внатрешното чувство ви вели дека е време за некои промени и нови чекори, тогаш слободно тоа и направете го.