Категории

ЉУБОВЕН ХОРОСКОП ЗА ОКТОМВРИ 2016: Некои ќе се најдат пред животни предизвици, други ги чека идеална љубов

ДЕВИЦА (22 август – 22 септември)

Зафатените Девици ќе наидат на одредени проблеми во октомври кога се во прашање емоциите. Ќе сакате и ќе правите само она што ви одговара, она што ве прави позадоволни, што е целосна грешка. Понекогаш мора да послушате што е тоа што вашиот партнер сака, па да бидете подготвени за компромиси за вашата врска да функционира добро. Врз вашиот љубовен живот доста ќе влијае и финансиската состојба, односно тоа што не сте задоволители со истата, па тоа чувство ќе го пренесувате врз сите сфери на животот. Потребно е што почесто да се наоѓате во кругот на блиските, семејството, пријателите, за да се чувствувате подобро.

ВАГА (23 септември – 22 октомври)

Октомври за многу зафатени Ваги ќе биде одлучувачки. Ќе имате сила и подготвеност на партнерот да му кажете сè она што ве мачи и сè она што навистина ви пречи, па за тоа да разговарате цивилизирано и конструктивно. Токму поради тоа, ќе бидете подготвени со партнерот да водите еден сериозен разговор за иднината на вашата врска. Ќе имате потреба да ги решите сите несогласувања до крај. Сето ова важи и за оние кои се слободни, па ќе сакате да водите отворени и јасни разговори. Сè на сè, октомври за вас е динамичен, што ќе се одрази на подобрување на сексуалниот живот. Слободните Ваги најверојатно и ќе останат слободни, сè додека не ја запознаат личноста која во целост им одговара.

ШКОРПИЈА (23 октомври – 22 ноември)

Шкорпии, пред вас е месец полн со љубов и убави моменти. Оние Шкорпии кои се во врска ќе имаат желба уште повеќе да се приближат до партнерот, што и ќе го правите, па овој период е најдобро да одите со партнерот на кратко, романтично патување. Во последниве неколку месеци немавте доволно време да се посветите на врската, но и сега не е премногу доцна, па сиот труд што ќе го инвестирате ќе ви се исплати. Октомври е дефинитивно месец за забава и добро расположение, што ќе се одрази поволно и врз вашиот сексуален живот. Кога слободните Шкорпии се во прашање, совет е малку да се опуштат, бидејќи не мора секогаш сè да биде совршено, дури дури ни самиот партнер. Можеби ќе имате прилика да започнете квалитетна врска со личност која не е во целост според вашите критериуми, но токму затоа не ги гледате другите можности кои се во нејзина корист.

СТРЕЛЕЦ (23 ноември – 21 декември)

Доста страсти ќе го одбележат октомври, кога Стрелците се во прашање. Речиси сè ќе подредите на своите задоволства, поради што вашиот сексуален живот навистина ќе профитира, а вашиот партнер ќе биде многу задоволен. Ќе ви биде од суштинско значење врската да ја освежите со некои интересни случувања во креветот, па тоа дополнително ќе ве зближи со партнерот. За оние во брак, исто така добри вести – постои голема веројатност дека ќе го проширите семејството, па и бебето да е на пат. Вакво љубовно расположение ќе владее и кај слободните Стрелци, така што ниту за вас октомври во никој случај нема да биде здодевен месец.

1 2 3

Прегледи:
743
Објавено на:
26.09.2016