Категории

ЉУБОВЕН ХОРОСКОП ЗА ОКТОМВРИ 2016: Некои ќе се најдат пред животни предизвици, други ги чека идеална љубов

ЈАРЕЦ (22 ДЕКЕМВРИ – 20 ЈАНУАРИ)

Кога станува збор за Јарците, октомври е мирен месец во кој ќе имате потреба и желба најчесто да се наоѓате во кругот на семејството, пријателите и партнерот, секако. Многу време ќе поминувате крај децата и партнерот, доколку сте во брак, што уште повеќе ќе ја зајакне вашата врска. За оние кои се во врска, време е да направите еден сериозен разговор за иднината и да се одлучите кои се вашите следни, заеднички чекори, бидејќи веќе сте почнале да чувствувате поголема доза монотонија. Слободните Стрелци ќе имаат можност на некое пократко патување, што е службено, да сретнете интересна личност со која е можно да постигнете и ’подлабок’ однос, па да започнете и сериозна врска.

ВОДОЛИЈА (21 јануари – 19 февруари)

Ќе бидете доста попустливи кон својот партнер во текот на октомври, што може понекогаш да направи да не реагирате онака како навистина би реагирале, бидејќи повремено ќе се согласите со неговите ставови, дури и ако не ви одговараат. Меѓутоа, иако отстапувате од некои начела и од она што ве карактеризира, ова ќе внесе добра доза возбуда и динамика во вашата врска. Слободните Водолии ќе бидат многу расположени за љубов, страствени односи, па нема да ви биде проблем да се впуштите во краткорочни авантури.

РИБИ (20 февруари – 20 март)

Октомври за Рибите носи некои ситни проблеми во врската. Често ќе доаѓате до расправии и несогласувања, бидејќи не сте подготвени до крај да се разберете и се сослушате еден со друг. Смирете ги страстите, трпеливо размислите и обидете се да увидите каде грешите и каде е ’каменот на сопнување’ којшто ви пречи за нормално функционирање. Битно е да се однесувате и да работите како тим, а не одделно, бидејќи врската е да се биде како еден за да успее. Слободните Риби во текот на октомври може да го променат својот статус, што многу ќе ви годи, со оглед на подолгиот период на осаменост.

1 2 3

Прегледи:
742
Објавено на:
26.09.2016