Категории

Љубовен хороскоп за октомври 2016-та: Рибите ќе пребираат, Биковите ќе бидат мета за флерт

На некои знаци им следува налет на позитивна енергија и промени, додека некои знаци ќе се најдат пред големи љубовни предизвици. Трети пак, треба да се подготват за сретнувањето на љубовта на својот живот.

Што да очекувате од октомври на поле љубов?

Овен

Октомври ќе биде добар месец ако обрнете поголемо внимание на начинот на кој комуницирате. Треба да му се посветите на партнерот, односно на несогласувањата кои подолго време лебдат во воздухот, бидејќи ова е месецот кога лесно ќе ги надминете. Оние кои се во врска ќе сакаат да внесат големи промени, што веројатно ќе заврши со заедничко живеење или проширување на семејството. Слободните Овни кои долго се без партнер конечно ќе го променат статусот овој месец. Очекувајте познанства кои имаат сериозни шанси да преминат во квалитетна и сериозна врска. Водете сметка за тоа љубовта да не ја помешате со опсесија, затоа што тоа е единствената закана која може да ви ја уништи и најсовршената врска.

Бик

Октомври ќе ви донесе некои помали проблеми кога се работи за емотивните односи. Потребно е добро да размислувате што и како кажувате и правите, за  да ја одржите рамнотежата со партнерот. Речиси се што ќе се случува овој месец ќе успева да ве извади од такт, а тоа ќе го промените само ако престанете да ги сфаќате работите толку лично. Додека зафатените Бикови ќе имаат мали проблеми, слободните ќе и се препуштат на самотијата и ќе треба да уживаат во неа. Не се залетувајте лесно, држете ги очите отворени и емоциите прибрани за да не ви се случи нешто повеќе од флерт. Месецов очекувајте само кратки авантури.

Близнаци

Овој месец не очекувајте некои големи промени. Ќе има ситници кои ќе ве извадат од колосек, но тоа е само заради недефинираните односи кои ги имате. Почитувајте го личниот простор и слободното време за да не направите поголеми конфликти. Слободните Близнаци ќе треба да уживаат во честиот флерт и во сексуалните авантури кои ќе ги имаат на располагање. Со оглед на тоа што емоциите ви одмораат, а нагоните доминираат, внимавајте што и каде правите.

Рак

Интересен месец за сите припадници на знакот Рак, бидејќи ќе чувствувате наплив на младачка позитивна енергија. Таа ќе влијае да се однесувате поспонтано и слободно. Ако имате некој со кој повремено се гледате, би требало да се запрашате дали и двајцата го сакате истото. Можно е да повредите личност за која не сте свесни дека и значите. Меѓутоа, младалачката енергија ќе ви ги зголеми и сексуалните апетити. Слободните ракови ќе уживаат во многу пријателства кои се граничат со флерт, но без подлабоки емоции. Овој период е одличен за зближување на Раковите кои се во долги врски.

1 2 3

Прегледи:
829
Ознаки:
Објавено на:
04.10.2016