Лав
На Лавовите им претстои период во кој ќе имаат мали проблеми со комуникацијата со партнерот. Нема да бидат расположени за разбирање, што ќе влијае на посериозни кавги и навраќање на минатото. Потребно е трпение и време за работите да се смират. Не мора секогаш да барате совети и мислења од другите, некогаш е доволно да ја послушате интуицијата. Истото важи и за Лавовите кои подолго време се сами, а сакаат промена. Ако внатрешниот глас ви вели да го направите првиот чекор, не се кочете.
Девица
Зафатените Девици ги очекува проблематичен љубовен месец. Ќе сакате да го правите само она што вас ви одговара, што ве прави задоволни и ќе се покаже како сосема погрешно. Мора некогаш да го слушате и партнерот, односно да поработите на компромисите ако сакате врската да ви опстои. На љубовниот живот ќе ви влијаат и финансиите, односно тоа што од нив не сте задоволни, ќе го пренесете на сите сфери. Потребно е почесто да се смирувате во кругот на блиските личности како пријатели и семејството, за да се чувствувате подобро.
Вага
Октомври за многу Ваги ќе биде одлучувачки месец. Ќе имате сила и желба да го кажете она што ве мачи и она што ви пречи, па за тоа ќе разговарате конструктивно и цивилизирано. Токму заради тоа очекувајте сериозни разговори и за иднината на врската. Овие отворени разговори се одлични и за слободните Ваги, кои конечно на тој начин ќе ги откријат јасните намери на спротивната страна. Октомври ќе биде динамичен и ќе ви означи напредок во сексуалниот живот. Слободните Ваги веројатно ќе остварат напредок на ова поле со нови познаници.
Скорпија
На зафатените Скорпии им се препорачуваат бегства од реалноста и романтични патувања ако сакаат да ги затоплат односите. Последниве неколку месеци немавте време за врска и љубов, но и сега не е доцна, па трудот кој ќе го вложите ќе ви се врати дупло. Октомври е месец за добро расположение, што позитивно ќе се одрази на вашите сексуални апетити. Кога се работи за слободните Скорпии, советуваме малку да се опуштат, бидејќи ништо не може и не мора да е совршено, па ни самиот партнер. Може да имате шанса за нова квалитетна врска со личност која не е во согласност на вашите критериуми, но оставете времето да ви покаже на што сте.