Стрелец
Многу страсти ќе ви го означат овој октомври. Речиси се ќе подредувате според вашето лично задоволство, од што сексуалниот живот ќе ви профитира, а партнерот ќе биде неверојатно среќен и задоволен. Оние кои се веќе во брак ги очекува проширување на семејството. Ваквото емотивно и еротско расположение ќе владее и кај слободните припадници на овој знак, така што октомври нема да биде здодевен. Важно е да не барате емоции онаму каде што давате само физичка близина.
Јарец
За Јарците октомври ќе биде мирен месец во кој ќе имаат честа потреба да се наоѓаат во кругот на семејството, пријателите и се разбира партнерот. Ако планирате сериозен разговор, ова е идеален период да го реализирате. Јасно одредете ги идните чекори за да нема недоразбирања. Можно е да почувствувате мала монотонија. Слободните Јарци треба да ги прифатат сите шанси за нови патувања. Познанствата во странство може да се продлабочат и да прераснат во сериозна врска за кратко време.
Водолија
Ќе бидете доста попустливи кон партнерот овој месец, што ќе ви оди во прилог на врската и љубовта. Најдете баланс меѓу отстапките и она што е карактеристично за вас – ексцентричните идеи. Возбудата и динамиката треба да ја одржите по секоја цена, бидејќи монотонијата за вас значи крај. Слободните Водолии ќе бидат расположени само за авантури и страствени односи, па можно е да наидете на проблеми од партнерот кој ќе го одберете. Внимавајте при изборот.
Риби
Октомври за Рибите носи ситни проблеми во врската. Очекувајте чести несогласувања и кавги, во кои мора да го сослушате партнерот ако сакате брзо да ги надминете. Смирете ги страстите и воочете ги сопствените грешки. Важно е да се однесувате како тим, а не одвоено, ако сакате да успеете. Слободните Риби ќе имаат многу шанси да го променат статусот. Не претерувајте со високите критериуми и намерното барање игла во сено.