Категории

Љубовен хороскоп за септември 2016-та година

Лав

Љубовниот живот на Лавовите ќе биде прилично интересен. На почетокот на месецот ќе имате чувство како да морате да се посветите на многу работи, но не вреди да се плашите од тоа. Не се затворајте во себе и не бегајте од светот. Ова посебно се однесува на емотивните врски, како и на генералното ниво на емоции карактеристични за вашиот знак. Бидете активни и покажете ги вашите чувства. Не се противете на нив бидејќи, во спротивно, ова може да биде контрапродуктивно за вашите врски.

Девица

Овој месец, посебно на самиот почеток, морате да поминувате повеќе време покрај вашиот партнер. Ова посебно важи за оние кои веќе подолг период се соочуваат со расправии и несогласувања. Голема е веројатноста дека и двајцата сте полни со прашања кои се таложеле некој период, а не сте можеле да најдете вистински момент да ги поставите. Сега е време. Вистината е секогаш подобра од незнаењето, а понекогаш и навистина се потребни радикални промени.

Вага

За промена, Вагите ќе можат малку да се издишат. Следи прилично релаксиран период за вас. Можно е да се соочите со некои ситни расправии, но истите се потполно безначајни и минливи. Сепак, тоа не значи дека треба да ги игнорирате, туку да ги решите најдобро што знаете. Канализирајте ја вашата енергија во креативна насока и заедно со партнерот, слободното време искористете го за некој курс. Голема е веројатноста дека таму ќе склопите некои прилично интересно познанство.

Скорпија

Пред Скорпиите, во септември, ќе се отвори цел свет убавина и искрени емоции. Некој може да ви се отвори и да ви изјави љубов – на најискрениот можен начин. А, можеби и вие ќе бидете тие кои ќе се одлучат за првиот чекор. Никој не рекол дека љубовта нема да ви биде возвратена. Сепак, многу зависи од вас. Не заборавајте дека не сте семоќни иако понекогаш силните емоции прават да се чувствуваме така. Бидете внимателни со оние кои ви се посветени и на убав начин објаснете им ги вашите ставови.

1 2 3

Прегледи:
1161
Објавено на:
01.09.2016