Категории

Љубовен хороскоп за септември 2016-та година

Стрелец

За Стрелците септември не е момент ниту за раскинувања, ниту за почеток на нови врски. Воздржете се од сите поголеми промени кои можат да влијаат не само на вас, туку и на блиските. Најдобро ќе се чувствувате во кругот на пријателите каде можете да бидете слободни и да се однесувате природно. Можеби првиот месец од есента не е најдобар за љубов, но тоа не значи дека не треба да уживате. Останете социјални комуникативни – онакви какви што сте, бидејќи ве очекуваат одлични работи.

Јарец

Овој месец ќе ви донесе нови искуства, а во исто време и емоции за некоја мината љубовна афера. Тоа, колку и да звучи неверојатно, ќе има позитивно влијание на актуелните или потенцијалните врски. Ќе ви даде сосема поинаква перспектива за тоа каде се наоѓате моментално и каде сакате да бидете во иднина. Имајте предвид, дека не можете сè да направите одеднаш. Бидете умерени, внимателни и дозволете минатите искуства да бидат водич по кој ќе се раководите во емотивните врски.

Водолија

Водолиите најдобро е да обрнат поголемо внимание на сопствената интуиција. Правете онака како што ви вели срцето, ако ви сигнализира дека треба да раскинете со партнерот, не се обесхрабрувајте. Тоа едноставно значи дека таа личност не била вистинскиот избор за вас, а дека раскинувањето ќе ви одговара. Секоја ситуација, сепак, е индивидуална и би требало да дозволите емоциите да ве водат. Разумот не мора секогаш да биде вклучен. Септември носи многу можности за остварување на емотивните цели, па важно е да останете доследни на себе.

Риби

За вас, овој септември значи да го слушате своето срце и да останете блиски само со оние со кои посакувате да бидете блиски. Престанете да потклекнувате на препреките кои постојано ви ги испраќаат непријателите. Сè ќе си дојде на свое место, токму тогаш кога треба да си дојде. Имајте на ум, дека понекогаш емотивните темели се далеку поважни од логиката, посебно кога се работи за интимните односи. Не се сомневајте во вашите способности.

1 2 3

Прегледи:
1162
Објавено на:
01.09.2016