Категории

Љубовните состаноци во триесетите се многу подобри отколку во дваесетите години од животот

Во ред, знаеме дека состаноците во дваесетите се многу по интересни, но да бидеме искрени, тогаш самите не знаеме што сакаме

Што повеќе слободни пријатели, слобода, доста енергија, излегувања, запознавање нови луѓе секој ден. Пронаоѓањето на љубовта може да биде лесно тогаш, но мораме да признаеме дека се тежи кон некоја забава и несериозост. Кога ќе влезете во третата деценија, тогаш почнува нова етапа на животот која може да ви донесе многу повеќе во сите правци а особено во љубовта.

Затоа многумина кажуваат дека пронаоѓањето на љубовта е многу подобро во триесеттите но и самото излегување на состаноци со потенцијални партнери. Еве кои се причините за тоа:

-Имате подобра идеа за тоа што точно сакате
-Полесно ви е да ја прашате личноста (потенцијалниот партнер) за се околу тоа
-Сте научиле од своите грешки
-Знаете дека не треба да трошите време на нешто што од почеток не ви изгледа сигурно
-Го цените своето време повеќе отколку порано
-Знаете дека не треба да пронајдете партнер колку само „за да го имате“
-Имате многу повеќе искуство
-На бившите гледате не како на „терет“ туку како на „научена лекција“ и подобро сфаќање на себеси

Прегледи:
286
Објавено на:
10.10.2019