Секојдневната брзаница создава неверојатен стрес и притисок кај човекот. Потребна е голема вештина и моќ за да се најде баланс во животот, помеѓу работата, семејството, домот, пријателите. Предизвиците се големи, а човекот, се чини, заборава да го живее вистинскиот живот, затоа што постојано е во потрага по нешто поубаво, повозвишено, поголемо. Забораваме дека едноставноста ги крие најубавите работи во себе, а главната нишка е љубовта.
Прочитајте ги 26-те мудрости од Тибет поврзани со животот и ќе сфатите колку малку е потребно за среќа.
1. Ти се допаѓа – кажи.
2. Не ти се допаѓа – кажи.
3. Некој ти недостасува – јави му се.
4. Не ти е јасно – прашај.
5. Сакаш да се сретнете – јави се.
6. Сакаш нешто – побарај.
7. Никогаш не се расправај.
8. Сакаш да бидеш јасен – објасни.
9. Ако си погрешил/а – веднаш кажи го тоа и не барај оправдувања.
10. Секогаш имај на ум дека секој има своја вистина и дека таа често не се совпаѓа со твојата.
11. Не комуницирај со лоши луѓе.
12. Во животот најважна е љубовта, сè останато е залудно.
13. Човечките проблеми постојат само во главата на луѓето.
14. Твоето опкружување не е ниту зло, ниту добро, тоа може да постои и без тебе.
15. Обиди се да извлечеш задоволство од секое случување.
16. Секогаш имај на ум дека животот е најскапоцен.
17. Не биди здодевен/здодевна.
18. Запомни дека никому ништо не должиш.
19. Запомни дека никој ништо не ти должи.
20. Не жали ги ниту времето, ниту парите што си ги потрошил/а на спознавање на светот.
21. Во животот секогаш сметај само на себе.
22. Верувај им на своите чувства.
23. Со жените, како и со децата, биди трпелив и малку понизен.
24. Живеј денеска, затоа што вчера помина, а утре можеби никогаш нема да дојде.
25. Знај дека денешниот ден е најубав ден!