Категории

Љубовта кон себеси е темел на љубовта кон другите

Животот кој го живеете е одраз на животот кој верувате дека го заслужувате.

Ако сте несреќни, не барајте виновник во другите луѓе. Превземете одговорност за сето она што ви се случува, знајте дека се почнува од самите нас.
Бидете искрени спрема себеси и доследни на вашите избори, никој не може да носи вина за грешките кои сте ги направиле самите. Бидете одговорни за сопствената среќа. Доколку им дозволувате на негативните луѓе пристап до вашата душа, не ги обвинувајте нив што ви ја црпат сета енергија и позитива, вие сте тие кои сте им дозволиле пристап.

Пред да побарате љубов на друго место, прво запрашајте се дали ја поседувате во себеси и дали можете да ја дадете некому. Љубовта не е едносмерна улица. Тогаш кога ќе почнете да се сакате себеси, никој не може да ви ја уништи среќата. Но кога љубовта зависи од некој друг, знајте дека секогаш постои опасност дека ќе ја изгубите.

Кога имате љубов спрема себеси, исто толку можете да им ја дадете и на другите. Следниот пат кога ќе посведочите како некој ги навредува другите, знајте дека истото го прави и позади затворени врати. Единствено кога вистински се сакате себеси можете да ги сакате и другите.

Прегледи:
662
Објавено на:
30.05.2020