Категории

Љубовта на тетката кон внучето е незаменлива

Нема ништо поубаво од чувството да се биде тетка. Во моментот кога внучето ќе се ради, таа станува најсилната и најхрабрата личност на светот.

Со тетката секогаш се споделуваат радости, желби, среќни, тажни, моменти. Тетката е најдобриот пријател на внучето. Таа е моќна и силна жена, која ќе направи се за своето внуче. И покрај сите обврски, тетката секогаш ќе најде време за своето внуче. Нејзина најголема мотивација се среќата и насмевката на своето внуче, поради што, таа е подготвена да направи се, само за да ги види внуците среќни и насмеани.

Тетките се тука и за да критикуваат, но и да дадат совет и ги насочат да постапат праавилно во одредени ситуации. Тетките секогаш имаат време да ги размазуваат, играат, прошетаат во парк, прочитаат приказна или да ги однесат внучињата во игротека.

А кога тетката ќе има свои деца, внучињата повторно ќе бидат нејзина најголема среќна. Чудно, но вистинито.

Тетката им овозможува на децата да имаат безгрижно детство. Децата кои имаат тетка се најсреќни на свет.