Ричард Гир и Алехандра Силва не можеа да ги симнат насмевките од своите лица додека гостуваа на Филмскиот фестивал во Сан Себастијан.
Заљубениот пар присуствуваше на церемонијата по повод затворањето на шпанскиот фестивал. На црвениот тепих, 33-годишната Шпанка позираше во бел фустан и плетена фризура во стил на грчка божица.
67-годишниот актер со својата сакана ги поздрави и бројните фанови и фоторепортерите пред прикажувањето на филмот „Time Out Of Mind“, во кој Гир ја има главната улога.