Категории

Луѓето кои не се обидуваат да им се допаднат на сите се оние кои вистински вреди да се имаат во животот

Сакам луѓе кои не покажуваат лажна величина, луѓе што се онакви какви што се.

Не мораш многу да мислиш што ќе им кажеш на таквите луѓе, на кој начин ќе му ги кажеш зборовите, каков ќе испаднеш спрема нив. Тие те разбираат што и да им кажеш и како и да им го кажеш, се кај нив е доста едноставно. Таквите луѓе имаат слух за твоите проблеми, грижи, сомнежи и стравови. Таквите луѓе ќе те сослушаат без да размислуваат за себе и она што сакаат да ти го кажат. Да се биде во нивна близина е драгоценост.

Сакам луѓе кои не покажуваат друго лице од она кое го имаат, таквите луѓе му се потребни на овој свет повеќе од било што друго, свет кој е полн со луѓе кои играат игри и се кријат позади други лица со кои се обидуваат да им се допаднат на другите, да бидат подобри од другите и не бираат начин на кој ќе го направат тоа. Сакам луѓе кои ќе ти го кажат она кое го мислат затоа што тогаш кога немаат што да кажат, повторно во нивната близина ќе се чувствуваш пријатно.

Сакам луѓе кои имаат насмевка на лицето и тогаш кога во себе војуваат многу војни, луѓе кои ќе ти ја подадат раката и тогаш кога самите паднале. Сакам луѓе кои не се плашат да пуштат солза и да заплачат тогаш кога животот ќе ги турне на земја.

Сакам луѓе кои знаат колку образот е свето нешто кое не може да се купи, нити се продаваат за некој материјален интерес или нешто слично. Со таквите луѓе можеш со денови да седиш без да проговриш и без да кажеш нити збор. Таквите луѓе нема да те критикуваат ако направиш нешто лошо, тие ќе ти укажат на тоа со својот пример. Таквите луѓе ни се потребни затоа што само со таквите луѓе можеме напред.

Прегледи:
479
Објавено на:
22.12.2020