Категории

Луксузната колекција патики на Adidas x Hender Scheme

Hender Scheme се занимава со изработка на реплики на патики од познатите брендови. Патиките се прават од луксузна vachetta кожа преку различни уметнички техники кои му даваат луксузен изглед на обувките. Јапонскиот бренд долго се бореше помеѓу оддавањето почит кон брендовите и имитациите, а веќе неколку сезонската соработка со Adidas го потврди нивниот оригинален концепт.

После долго време брендовите ги претставија моделите Micro Pacer, NDM R1 и Supertstar моделите. Како и претходните креации, сите три модели се направени во ателјето во Токио и доаѓаат во препознатливите за брендот пудра, беж и крем нијанси. Колекцијата ќе биде пуштена во продажба на 2 септември.

Прегледи:
284
Објавено на:
23.08.2017