Категории

Луксузната и самоуверена колекција на Michael Kors

Својата модна визија како еден од најпрестижните модни дизајнери, Michael Kors ја пренеси преку својата приказна во која ја комбинира безвреенската класика, луксузните материјали и совршените парчиња до најмал детал. Дефилето предизвика вистинско патување низ времето преку самоуверените креации кои изгледаа како оние кои ги носеа филмските ѕвезди од минатото. Во колекцијата доминираа темно црвените нијанси, земјените тонови и смарагдно зелената. Како совршен спој од моќ и сензуалност, посветена на современите жени кои управуваат со својот живот и градат кариера, но во исто време сакаат да останат дрски и провокативни. Парчињата се функционални а истовремено и смели. Исто така дизајнерот му покажа на својата публика дека ги почитува жените без обзир на нивата величина така што избра модел со облини за претставувањето на колекцијата.

Познатиот дизајнер кој секогаш стоеше зад своето правило дека неговите креации на пистата не можат да бидат претставени од plus-size модели, се реши да го прекрши своето правило.


„Единствената причина што немам „по-полни“ модели на ревиите е тоа што тогаш би ми требала облека која ќе покрие цел фудбалски стадион, пред да ги спремам за ревијата. Знам дека треба да се имаат сите величини, од 32 до 48 и на пистата, но во реалноста е возможно да се дојде до тие величини. Ние сме едни од ретките кои за ревиите создаваме величина 46’“, изјави познатиот дизајнер, кој на последната ревија на модната недела во Њујорк ја донесе Ешли Грахам, plus-size модел и член на жирито во шоуто America’s Next Top Model.

Целата колекција погледнете ја во галеријата подолу:

Прегледи:
390
Објавено на:
21.02.2017