Категории

Мачор-бегалец од Ирак ја помина цела Европа за да ги најде сопствениците

Мачка помина илјадници километри за да ги најде своите сопственици. Заедно со нив мачката Кункуш го напуштила ирачкиот град Мосул и пристигнала во Грција, но потоа се изгубила.

Сопственичката се обидувала да ја најде, но требало заедно со своите деца да го напушти времениот камп и така потрагата завршила безуспешно.

По неколку дена белиот мачор е забележан во рибарското село Скала. Добил друго име – Деус, а подоцна и ново семејство во германскиот град Берлин. Паралелно со тоа на социјалните мрежи започнала кампања, чија цел е да се најдат вистинските газди на Деус-Кункуш.

Набрзо, бегалците дознаваат каде им е нивниот домашен миленик. Првата нивна средба е по Скајп. Потоа Кункуш се упатува на ново патување. Четири месеци и 4000 километри подоцна белиот убавец веќе е кај своето вистинско семејство во Норвешка.

Прегледи:
438
Објавено на:
20.02.2016