Категории

Мајка ми ми велеше учи дете, за да работиш што сакаш, а не она што мораш…

Кому сме, ако не на нашите мајки, благодарни за оние зрнца мудрости кои сме ги примале во текот на животот…

Кога бев мала, мајка ми ми велеше: Не биди себична и дели сѐ со пријателите, но секогаш памти кој доаѓа само по бомбоните. Тој не ти е пријател.

Кога си играв во песокот, мајка ми ми велеше: Ако јадеш песок, нема да остане место за сладолед.

Додека одев на училиште, мајка ми ми велеше: Учи дете, за да работиш што сакаш, а не она што мораш.

Кога ме запиша во музичкото училиште, мајка ми ми рече: Играњето во дворот ќе заврши за неколку години, а музичкото образование ќе ти остане засекогаш.

Кога ме запиша на балет, мајка ми ми рече: Не мора да станеш балерина, но правилното држење ќе ти даде карактер и 10 цм висина.

Мајка ми во младоста ми велеше: Љубовта е прекрасна, но пред сѐ научи да се сакаш себеси.

Исто така, ми велеше: Ако веќе разговараш со оние кои не те сакаат, тогаш прави го тоа во комбинација со добро вино.

Кога плачев, мајка ми ми велеше: Кого жалиш? Себе? Извлечи заклучок! Од останатото ќе добиеш брчки пред време.

Кога се разведував, мајка ми ми рече: Човечки е да згрешиш, а важно е да ја исправиш грешката. Сега мораш да го отфрлиш овој капут и да купиш нов.

Мајка ми ми говореше: Додека сум жива, заедно ќе се носиме со сѐ, но еднаш ќе мораш и без мене.

Мајка ми цел живот ми велеше: Не го давај последното, немој да зависиш. Дај го само она што можеш и сметај пред сѐ на себе.

Знам дека не сум била секогаш идеална ќерка, но мајка ми ми велеше: Се гордеам со тебе, мое најдобро и најдраго дете!

Прегледи:
658
Објавено на:
04.01.2022