Народот вели: „Крвта не е вода“ и најчесто луѓето имаат право!
Многу нешта наследуваме од родителите, вклучително и убавината. Оваа фотографија е направена некаде во средината на 80-ите кога денес популарниот пејач бил слатко мало русокосо детенце, со сини очи, во прегратките на мајка му.
Фотографииве сведочат дека убавината е наследна и доказ чии гени носи денес познатиот пејач, водител и актер.
Убавата госпоѓа на фотографијата се вика Џули и е потврда дека Влатко Илиевски е „фотокопија“ на неговата мајка, барем кога е физичкиот изглед во прашање.
А убавината е како енергијата… Никогаш не се губи, туку само се претвора од еден во друг вид, преоѓа од еден во друг лик!
Убавината е можеби менлива, но не и минлива!