Eden SanBoeuf е 28 годишна жена од Њу Оксфорд, Пенсилванија, која го раскажува својот пат од 25 годишна со над 130 килограми, до мајка на син, која е среќна, здрава и фит.
„Мојата приказна започнува на 1-ви јануари 2015 година кога донесов новогодишна резолуција дека ќе бидам здрава. Клише е, но ми здосади да бидам дебела. Имав 25 години, а моето тело се распаѓаше. Секогаш се разболував, бев уморна и мала физичка активност ме уморуваше. Не е само физичкиот изглед, туку и психички, станав негативна личност. Кога ги гледав сликите од свадбата ми дојдоа како повик за будење, морав нешто да променам.“
Започнала да користи апликација со која ги мерела калориигте и ја водела физичката активност. Учела постепено и воведувала промени во својот живот, разговарала за своето искуство и предизвиците кои ја мачат, го споделувала прогресот на социјалните мрежи, а тоа ја охрабрувало да продолжи понатаму.
За 10 месеци ослабела 60 килограми и тогаш имала 77 килограми, кога ја добила веста дека е трудна.
Но, нејзината приказна не завршува тука. Зема лош правец и таа и нејзиниот сопруг дознаваат дека бебето има аненцефалија, состојба која значи пореметување на черепот на бебето во развој. Ова било огромен шок и тага во нејзиниот живот. Се породила на 27-ми јануари 2016 година, истиот ден го изгубила синот.
„Можев повторно да најдам утеха во храната. Да влезам во длабока депресија, да се затворам дома и да се вратам на стариот пат.“
По месеци закрепнување, таа сепак продолжила со истата мотивација која ја имала претходно. Продолжила со здравиот начин на исхрана и со физичката активност.
Среќата им дошла повторно. Таа останала трудна и го родила синот Џозеф Вилијамс на 3-ти февруари 2017 година. Се што направила за себе до тој момент и се вратило со среќата да роди здраво дете.
Морала повторно да се врати на нејзиното патување до одлична форма, во текот на бременоста качила 22 килограми, па и требале 9 месеци за да се врати на старата тежина, пред да остане трудна.
„Сега сум посреќна, никогаш не би се вратила на старото. Мојот син сега има една година, ме имитира како вежбам. Ова го правам за него, за тој да има здрава мајка.“