Категории

Мајсторот на скандинавските криминалистички романи Леиф Першон, со нов роман „Вистинската приказна за носот на Пинокио“ #КнигаНаНеделата

Македонската публика отсега може да ужива во најновото ремек-дело на мајсторот на скандинавските криминалистички романи Леиф Першон, насловено како „Вистинската приказна за носот на Пинокио“. 

Авторот, Леиф Першон поседува големо познавање во областа на криминалистиката, па поради тоа приказните во неговите романи се толку автентични. Во 1977 година, додека работел во Шведскиот Национален Полициски Одбор, Першон бил „свиркач“ кој соработувал со новинарот Питер Брат во таканаречениот скандал „Џијер“, потврдувајќи постоење на таен допис испратен од страна на тогашниот полициски комесар Карл Персон на тогашниот премиер Олоф Палме за наводните врски на министерот за правда, Ленарт Гејер, со ланецот на проституција во Стокхолм.

По оваа афера тој бил отпуштен од Националниот Полициски Одбор. Текот на настаните речиси го одвеле Персон и до самоубиство, но за среќа започнал да предава на Универзитетот во Стокхолм. Аферата со ланецот на проституцијата го инспирирала да го напише својот прв роман, Грисфестен. Тој се вратил во Националниот Полициски Одбор како професор во 1992 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Издавачка куќа Култура (@knizarnicakultura) on


Љубителите на криминалистичките романи досега можеа да уживаат во страниците од неговите романи „Линда“ и „Оној што го уби змејот“, а отсега колекцијата од Леиф Першон ќе можат да ја збогатат со најновиот роман „Вистинската приказна за носот на Пинокио“.

Возбудливата приказна во најновиот роман „Вистинската приказна за носот на Пинокио“ започнува со убиството на Томас Ериксон, познат адвокат кој е брутално убиен во својот дом. Полицијата се наоѓа во необична ситуација – има проблем со пронаоѓање на осомничениот, бидејќи списокот на потенцијалните виновници е многу долг.
За да биде случајот уште посложен, прв осомничен е Еверт Бекстром – инспекторот кој е задолжен за истрагата на ова убиство. За среќа, Бекстром има одлична мрежа на сомнителни контакти кои му помагаат да ги испорача виновниците. Сè што треба да направи е да го прекрши секое правило кое му се наоѓа на патот и да затвори очи пред подмитувањето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Издавачка куќа Култура (@knizarnicakultura) on


Ова е роман исполнет со интрига, возбуда и неизвесност кој нема да ве остави рамнодушни и ќе посакате да го прочитате во еден здив.

Прегледи:
848
Објавено на:
30.10.2018