Категории

Макарони со зелен песто сос (РЕЦЕПТ)

Доколку немате идеја за денешниот ручек, или пак сакате да го изненадите партнерот со вкусен оброк, подгответе ги овие вкусни тестенини.

Состојки:

За 4 особи
  • 400 гр макарони
  • 2 авокада (400 гр)
  • 20 гр свеж босилек
  • 10 гр свеж кориандер
  • 1 чешне лук
  • ½ лимон, сок
  • 100 мл маслиново масло
  • 60 гр изрендан пармезан
  • сол

Подготовка:

  1. Макароните варете ги во солена вода.
  2. Авокадото преполовете го, отстранете ја семката, излупете го и исечкајте го на парчиња.
  3. Исечкајте го лукот, босилекот и кориандерот и исцедете половина лимон.
  4. Изматете го во блендер авокадото, лукот, 2/3 исечкан босилек и кориандерот, полека додадете маслиново масло и лимонов сок, по желба.
  5. На крај измешајте го преостанатиот босилек и кориандер, половина пармезан и зачинете со сол.
  6. Измешајте ги сварените тестенини со песто, истурете го останатиот пармезан и послужете.

Добар апетит!