Категории

Македонија горда: Мартија, Антониа и Елена во финалето на „Пинкови ѕвездички“

Во полуфиналето на „Пинкови ѕвездички“ настапија 17 натпреварувачи, а од нив 15 влегоа во големото финале.

Публиката донесе конечна одлука, со натпреварувањето не продолжуваат Теодора и Алма.

Во финалето се пласираа сите три наши претставнички Антониа, Мартија и Елена, а покрај нив и Вељко, Индира, Ника, Ирнес, Дарија, Марко, Ања, Жарко, Ева, Томислав, Ангела и Урош.

Со месеци наназад тие одушевуваа со маестрални настапи, а синоќа ги видовме во нивно најдобро издание.

Антониа, Мартија и Елена се гордост на Македонија и им посакуваме огромен успех во големото финале!

Прегледи:
364
Објавено на:
11.06.2016