Категории

Македонија остана на 141. место на мајската ФИФА рејтинг листа

Македонската фудбалска репрезентација остана на 141. место со 235 бода на најновата ранг листата на Светската фудбалска федерација (ФИФА), објавена денеска.

Мајското рангирање не донесе промени ниту на првите 50 места. Што се однесува до ТОП 10 води Аргентина, а по неа следуваат: Белгија, Чиле, Колумбија, Германија, Шпанија, Бразил, Португалија, Уругвај и Англија.

И противниците на “црвено-жолтите“ во Мундијалските квалификации ги задржаа местата од минатиот месец: Шпанија (6.место), Италија (15), Албанија (45), Израел (76) и Лихтенштајн (173).

Нови бодови и напредок на ФИФА листа Македонија ќе „брка“ на пријателските мечеви со Азербејџан во Австрија на 29 мај и со Иран на 2 јуни во Скопје.

Следното рангирање ФИФА ќе го изврши на 2 јуни.

Прегледи:
399
Категории:
Спорт · Фудбал
Објавено на:
05.05.2016