Категории

Македонка го има најчудниот бизнис во Хрватска

Елизабета Планиниќ, Македонка по потекло која во Загреб живее повеќе од 15 години,  избрана за најдобра жена менаџер во категоријата Микро жени претприемачи во Хрватска, настан што го организираа мрежата на деловни жени Women in Adria, Развојната агенција Загреб и Хрватската стопанска комора.

Таа е сопственик на компанија која се вика Čuvar sjećanja. Тоа е сервис за одржување на гробови. Самата идеја и после 4 години е и иновативна и прифатена.

“Идејата ја споделив само со луѓе што знаев дека имаат добар смисол за бизнис и кои воедно ми се блиски. Тоа го нареков “ефект на подигнати веѓи“ бидејќи сите прво ги дигаа веѓите и потоа следна реченица беше: да, навистина тоа е потребно”, вели Планиниќ за првите реакции што ги добила кога дошла на идеја да отвори сервис за одржување на гробови.

Бизнисот сега е распортранет во цела Хрватска, па дури и во најмалите села и луѓето навистина добро го прифааќаат и се задоволни бидејќи знаат дека во нивно име, гробовите на нивните најмили се згрижени. После секоја испорачана услуга клиентите добиваат детален извештај и фотографии  како потврда дека услугата е комплетно завршена.

Прегледи:
658
Објавено на:
27.02.2016