Категории

МАКЕДОНСКА УБАВИНА: Јана Бурческа со тренди стајлинг ја снима разгледницата за Македонија на Евровизија! (фото)

Неодамна за прв пат видовме како ќе звучи и изгледа „Dance Alone“ на сцената во Киев. На првата проба Јана Бурческа откри дека ќе танцува сама на сцената, а на големите екрани зад неа се прикажуваат инсерти од самиот видео запис.

„Бев малку исплашена бидејќи колеги со евровизиско искуство ми кажаа дека првата проба е секогаш застрашувачка, звукот е лош и не можеш да слушнеш ништо, но потоа се качив на сцена и сè тргна добро. Тоа веројатно беше некоја стратегија за да ме подготват и да бидам изненадена што се звучи толку добро“ – изјави Јана во таа пригода.

Сега нашата евровизиска претставничка ја снима разгледницата со која Македонија ќе биде претставена на Евровизија. За оваа пригода пејачката облече карирано црвено фустанче, а на вратот стави чокер. Фановите во коментарите и дадоа поддршка и ја бодреа дека заедно одиме кон победа.

Извор : Вистина.мк

Прегледи:
355
Објавено на:
05.05.2017