Категории

Македонските девојки ѝ веруваат на Philips Lumea

Речиси и да не постои девојка и жена која досега не слушнала за уредот кој ги освои срцата (и влакната :) ) на повеќе од 3 милиони жени во светот во борбата со несаканите влакна на телото.

Овозможено од Брендот број 1 во IPL – Philips, фотоепилаторот Philips Lumea e најдобриот начин за долготрајно отстранување на несаканите влакната од телото и тоа во домашни услови.

Во кратки црти – Постојат три многу важни причини зошто да го одберете Philips Lumea

За Philips Lumea сме говореле во повеќе наврати, но за резултатите од користењето, не постои подобар репер од искуството што самите кориснички можат да го споделат со сите оние кои сè уште се двоумат дали да го купат.

Затоа, ги интегриравме изјавите кои во некоја прилика ги изјавиле македонските жени кои имале можност да го тестираат или купат производот.

Вљубеничката во патувањата и пасиониран љубител на здравиот начин на живот, @Ane_Djeo беше дел од тестирањето на Philips Lumea оваа пролет. Таа за нејзината Lumea вели: „Топло го препорачувам, бидејќи слободно можам да кажам само со два

зборови: LUMEA, ДА! И конечно ќе го почувствувате она чувство на задоволство. 😁 Идеален апарат за идеално решение за мазна кожа.“ Ане гордо стои зад постигнатите резултати и нејзината мазна кожа, а дружбата со нејзината Lumea, таа ја нарекува СРЕЌА.

@mvladimirovnas ја користи својата Lumea две години. На сите оние кои ја прашуваат за нејзиното искуство, дали сè уште ја користи, дали навистина функционира, таа вели:

„И како што се фалам постојано – одговорот е секогаш „да х 100“. Jа имам нешто помалку од 2 години и веќе скоро и да немам зошто да ја користам бидејќи потребата за третмани се намали на еднаш на 12-15 недели (yup, летово уживав 😍)

Периодов во тестирањето на Philips Lumea се приклучија и супер позитивните и @antonijalokvenec и @angelagjorgieva кои на своите профили на социјалните медиуми ќе го споделуваат своето искуство со Philips Lumea! Следете ги за да дознаете сè што ве интересира за нивното искуство и резултатите.

Ова се само дел од девојките кои се увериле дека Philips Lumea навистина функционира. Кон нив ги додаваме и Билјана, Ирена, Марија, Ана, Мартина, Драгана, Моника и уште илјадници девојки, кои недвосмислено ги потврдуваат резултатите, долготрајното намалување на растот на влакната, решавањето со проблемите со поткожните влакна, безбедноста и безболните третмани, но најважно од се – слободата во која уживаат! И за крај, за сите оние кои сакаат да ја видат, пробаат или тестираат Philips Lumea, овој викенд, во периодот од 12 – 16 ч. во Нептун во City Mall, Philips Lumea тимот ќе биде на располагање за сите девојки и жени кои сакаат да дознаат повеќе за Philips Lumea Prestige.

Подарете си себеси мазна кожа без влакна и до 6 месеци!

Доколку сакате да дознаете повеќе, проследете го и текстот што претходно го објавивме на темата Philips Lumea овде>>> или пак на официјалната страница на Philips Lumea овде>>>