Категории

Мал трик: Еве како да направите вашите собни цвеќиња да цветаат преку цела година!

Дали вашето цвеќе цветаше додека беше во цвеќарницата, а кога го донесовте дома – ништо? Еве зошто е тоа така

Цвеќарите и градинарите од многу одамна го знаат стариот трик. Тие ги прихрануваат цвеќињата уште додека се во фаза на пупка, а таа прихрана се состои од капка рицинусово масло и вода.

Оваа комбинација му дава на листот темно зелена боја и цветањето трае подолго и е поинтензивно. Соодносот е една мала лажица рицинусово масло на литар вода. Кога маслото се истура во шишето со вода, затворете го шишето и протресете го растворот додека маслото целосно не се измеша со водата и потоа веднаш наводнете ги цвеќињата.

Ако цвеќињата цветаат еднаш годишно, наводнете ги со оваа смеса еднаш годишно. Ако цело време цвета, наводнувајте го постојано.

Прегледи:
2125
Објавено на:
27.01.2020