Категории

Малото врабче кое изрекло големи мудрости – Поучна приказна која секој треба да ја прочита

„Еднаш еден ловец поставил стапици за животни. Следниот ден, тој нашол мало врабче во една од стапиците. Кога се обидел да го убие, врабчето за чудо прозборило:
„Еј, ловецу. Досега си јадел само овци и сè уште не си сит, а јас тежам колку три дукати. Ако ме пуштиш, ќе ти дадам три совети.Првиот додека сум во твоја рака, вториот кога сум на покривот од таа куќа таму, а третиот совет ќе го добиеш од тоа дрво покрај куќата“.

– Се согласувам – рекол ловецот и врапчето му го дало својот прв совет.

„Ако нешто е невозможно, не верувај на никого што тврди поинаку“. Ловецот го ослободи врапчето, кое полетало до покривот на куќата и од таму му дало уште еден совет:
„Не се вознемирувај за работите што се случиле. Живеј за моментот“.
Потоа, врапчето продолжило: „Проголтав бисер тежок десет дукати. Ако го најдевте, дури и твоите внуци ќе беа богати“.

Ловецот се растажил што го пуштил врабчето да одлета, потоа врабчето рекло:

„Зарем не ти реков да не се вознемируваш за минатите работи, особено за нешто што е невозможно. Ти су навистина глупав. Како ќе проголтам толку тежок бисер кога тежам три дукати? “

Ловецот повторно се освести и го побарал врапчето за трет совет. Врабчето потоа му рекло:
„Не ги искористи првите два, тогаш што ќе стори третиот за тебе?