Категории

Марија Јаневска: Преку глава ми е! Политичарите се криви, само муслиманите се заразени, вирусот не е страшен!

Марија Јаневска, позната по Белешките на Лајла Грејс која воедно е медицинско лице, се обрати на јавноста преку фејсбук статус на нејзиниот профил:

„ПРЕКУ ГЛАВА МИ Е.

Да, вака ќе го почнам статусов. Сите што ме знаете, знаете дека ретко пишувам статуси, посебно не политички. Ама луѓе, глуперда од народ сме.

Дозволете ми да ве просветлам со неколку факти од “внатрешноста”, од овде од каде секој ден се соочуваме со короната, зошто нели измислена е и нема корона.

1. Политичарите не ви се криви. Криви се оние пред зграда што се изнагушкале и седат ко да нема утре. Прават журки и пијанки. Крив е чичконо на бензинска што ми дојде зад грб додека јас мирно одржував 2 метри дистанца и без маска ми се искашла во уво. Доколку позитивен на корона не носи маска, шанса за трансмисија е 70%, а доколку носи шансата е 5%. Го погледнав и го замолив да стави маска, ми рече топло му било. Не беше албанец, ни турчин, ни ром – зошто гледам сограѓаните од муслиманска вероисповест ви сметаат. Ама ќе дојдеме и до тоа во следната точка.

2. Да ги затвореле Чаир и Сарај, а не цело Скопје, зошто само “муслиманите” биле позитивни. Добро бе, дали сте здрави? Вчера се расправав со пријатели. На список со позитивни од 20 позитивни, еден е албанец. Остатокот се Игор, Марко, Петкана, Трајанка и слично. 50% се од Аеродром, 50% се од Карпош. Ама ако, тапкајте си се по рамо дека муслиманите не почитувале и биле криви. Први сте за јадење трици на темите муслимани-христијани, црнци или белци. Проста маса.

3. Не бил страшен вирусот. Е, оваа точка ми е омилена. Само малку посилен грип било тоа, со висока температура. Ај да Ве просветлам малку. Коронавирусот ги напаѓа белите дробови на начин на кој се случува едем и се полнат со вода. Вакви дисфункционални алвеолите (ситните меурчиња кои ја вршат размената на гасови), не можат да работат. И што и да правите, вие не можете да внесете кислород во телото. Не можете. Ниедна направа на светот, ниеден лек на светот не може да ви даде кислород ако алвеолите не можат да ја направат основната размена на гасови. Пациентите се ставаат на респиратор (НЕ ВЕНТИЛАТОР) со надеж дека некако ќе се опорават белите дробови и ќе можат сами да си ја вршат функцијата. Ама респираторот не може дефинитивно да ја нормализира оксигенацијата, може само да ја подобри.
И финално, зошто луѓе умираат од корона? Без кислород ниедно ткиво не може да функционира и органите откажуваат. Треба да видите како од ден на ден се влошува драстично состојбата на млад здрав и прав маж, за да сфатите колку е озбилно.

4. Најмногу ми е жал за колешките кои без никакво жалење, СЕКОЈ ДЕН заглавуваат на работа. Пред некој ден колешката втора смена наместо во 10 часот вечерта, дома си заминала во 4 часот утрото. И тоа е вака секој ден неделава. Вас ви е топло со маските, наочарите им се замаглувале кога го покривале носот. Абе луѓе. Ај пробајте да сте целосно во скафандер повеќе од 12-13 часа, па ќе правиме муабет. Ама тука има и уште еден момент – не смееле да се жалат медицинските лица, зошто тоа им било работа. Мизерија. Дно дна.

Ми се смеат зошто бегам на тротоар кога ќе видам човек. Смешно им е. Ама нема врска, вие пак обвинувајте ги политичарите, муслиманите, вонземјаните и кој следен ќе ви дојде на тапет.

Шупелки низаедни“.

Прегледи:
1753
Објавено на:
04.06.2020