Категории

МАРТ НИ НОСИ МЛАДА МЕСЕЧИНА ВО РИБИ – ВРЕМЕ Е ЗА НОВИ ПОЧЕТОЦИ И ОСТВАРУВАЊЕ НА СОНИШТАТА

Веќе на почетокот на март, поточно на 2 март, ќе се случи еден од ретките астролошки феномени – тоа е единствената млада Месечина во Риби оваа година. Овој датум е посебен затоа што е еден од најдобрите денови во годината за максимално искористување на инспирацијата, имагинацијата и сопствениот потенцијал. Јупитер е во близок контакт со Месечината што ни носи неколку нови и продуктивни идеи! Предајте им се, нека ве носат. Но, не вршете притисок врз себе, оставете сè да тече како што треба.

Кога станува збор за љубовта, младата Месечина во Риби носи одлична можност да ја пронајдете вашата сродна душа или, доколку веќе ја имате, ќе почувствувате потреба да ја дадете уште повеќе, несебично и себеси и вашето време. „Давањето“ на другите е најдобро ако има некои граници и личен простор за секого. Бидете одмерени за да избегнете идно незадоволство и притисок врз врската.

Под влијание на младата Месечина во Риби може да се активираат тајните желби кои досега ги чувавме. На 2 март се отвора вратата на фантазијата. Препуштете се и уживајте!

Во четврток, 3 март, Венера се синхронизира со Плутон во Јарец. Инвестирајте сè за да можете да направите трансформација на вашиот живот. Едно предупредување: она што се случува зад затворени врати дефинитивно треба да остане таму! Сабота е најсреќниот ден во годината, според астрологијата.

Овој ден се нарекува и Ден на чудата бидејќи Сонцето е во врска со Јупитер во знакот Риби. Важно е да ја насочите вашата енергија на позитивни и проактивни активности тој ден. Овој ден може да биде можност да се ослободите од негативните мисли, насобраната фрустрација или тага. Направете го тоа на здрав начин, потпирајќи се на луѓе кои ве поддржуваат и кои ќе ве поттикнат да се развивате емотивно. Сонцето ќе ги здружи силите со Јупитер во Риби, носејќи ви бран на креативна, романтична и инспиративна енергија. Моќниот Јупитер се чувствува како дома во Риби, па сите можеме да очекуваме добри вибрации.

Под влијание на Венера и Марс, препуштете се на желбите и страстите кои цветаат во вас! Ако имате партнер, тогаш ви треба само малку време и подготвеност за експериментирање. Слободно зборувајте за вашите желби, бидете искрени. Слободните може да ја почувствуваат искрата со нов пријател, состанок на слепо или некој што го запознале преку пријател. Освојте личност со вашиот интелект и духовитост и останете отворени за сите опции! Пробајте, не се срамете.

Прегледи:
458
Објавено на:
01.03.2022