Категории

Маска од две состојки која прави чудо на кожата! (РЕЦЕПТ)

Направете сами потполно природна маска за лице која веднаш ја смирува кожата. 

Ако имате неизедначен тен или проблеми со црвенило, оваа маска е како создадена за вас. Најважно од сѐ таа е природна и нема да ви бидат потребни пари за неа. Сѐ што ви е потребно е една крушка и половина лимон. Оваа маска ќе ја врати свежината на вашето лице и ќе ги смири иритираните подрачја.

Потребно е да ја нанесувате два пати неделно за да има резултати. Поради витаминот Е и Б кои и помагаат на кожата да се регенерира и витаминот Ц кој е воедно силен антиоксиданс, крушката е вистински мелем за кожата бидејќи го успорува нејзиното стареење и длабоко ја хидрира.

Подготовка:

Изгмечете ја крушката со вилушка, па преку тоа исцедете лимон. Добро измешајте ги состојките на лицето. Почекајте десетина минути и потоа измијте ја со млака вода, а потоа нанесете крема која инаку ја користите во секојдневната употреба.

Црвенилото на кожата би требало да се ублажи по користењето на маската, додека тенот не се изедначи по неколку примени.

Прегледи:
397
Објавено на:
30.08.2019