Категории

Маслиново масло како средство за чистење

Маслиново масло е најдобриот сојузник против болеста, корисна храна, но, исто така, може да послужи како одлично средство за чистење.

Чистење на дрвени површини
За да го вратите сјајот на старата дрвена маса измешајте лажичка маслиново масло и оцет, потоа пребришете ја масата со чиста крпа.

Загорени садови и тави
Загорените садови и тави можете да ги исчистите со комбинација на маслиново масло и морска сол.

Вратете му го сјајот на мебелот
Ставете малку маслиново масло на чиста крпа и избришете го мебелот. Освен што ќе ја отстраните прашината, ќе му го вратите и сјајот на мебелот.