Категории

Масло од авокадо за совршена кожа – Зошто треба да почнете да го користите уште одма

Маслото од авокадо е дерматолозите го обожаваат и препорачуваат поради тоа што ја хидрира кожата, го смирува воспалението и ја ја регенерира кожата од оштетувањата

Авокадото е продукт кој стана незаменлив во нашиот секојдневен живот. Без оглед на тоа дали сакате да го конзумирате во тост или да готвите на неговото масло, употребата на авокадото е навистина разнолична. Она што најмногу не воодушеви е тоа што маслото од авокадо е подеднакво корисно и при употребата на кожата според што можеме слободно да кажеме дека ова е магично овошје.

Стручњаците истакнуваат дека авокадото содржи висок процент на влакна, многу малку шеќери и бројни витамини и благотворни состојки како калиум, натриум, магнезиум, витамин А,Ц и К, фолна киселина, витамин Б6 и ниацин. Исто така има силни антиоксидансни својства и содржи висока концентрација на мононезаштитени масти.
Маслото од авокада и помага на кожата на многу начини па поради тоа можеме да го најдеме во разни маски и креми за нега на кожата.
Стручњаците советуваат да се користат органски производи, нерафинирани и ладно цедени. Тоа ви осигурува дека маслото од авокадо е во најприроден облик што ќе ви донесе максимална корсит.

Главна предност на маслото од авокадо кога се користи на кожата е тоа што благодарение на високиот степен на колаген, ја минимизира штетата предизвикана од слободните радикали. Ја поттикнува обновата и заштитата на бариерата на кожата. Ја хидрира и омекнува кожата, и го смирува воспалението.

Маслото од авокадо се препорачува при егзем и псоријаза, себореичен дерматитис и акни поради неговите противвоспалителни својства.