Категории

Маслото од јојоба подмладува и ги отстранува брчките

По се изгледа дека не постојат само трендови кои се однесуваат на шминката, модата и маникирот, туку и трендови за нега на кожата и косата. Последните неколку години доста популарни беа производите на база на маслиново масло, арганово масло и шеа путерот, а денес производителите се почесто го нагласуваат маслото од јојоба.

Зошто ова масло е толку барано и употребувано? Пред се, затоа што содржи аминокиселини од кои во организмот се ствара колаген. Освен тоа, косата брзо расти ако на неа нанесувате масло од јојоба а се користи и за коса која е склона кон опаѓање, Дневно можете да користите до 6 капки од ова масло: Можете да го нанесувате наместо крема и можете да го додавате во вашите козметички производи. А ако вашата кожа е осетлива тогаш можете да го разредите со било кое друго растително масло во сооднос 1:2.

Ви споделуваме и неколку рецепти за маски кои можете да ги направите:
Маска против брчки околу очите: Помешајте една кафена лажица масло од јојоба со две капки витамин Е и две капки витамин А. Нанесете на чиста кожа околу очите и оставете 10 минути.

Подмладувачка маска: Една кафена лажица масло од јојоба разредете ја со две кафени лажици невен или камилица. Помешајте и додадете 2-3 капки сок од растение алое вера.

Хидратантна маска: Помешајте во еднакви размери масло од јојоба и полномасен крем.

Прегледи:
693
Објавено на:
07.03.2017