Категории

Маж на свадбата со прстен ја праша малата поќерка: „Дали се согласуваш да ми бидеш ќерка засекогаш?“

Видео од емотивен момент помеѓу младоженец и неговата мала поќерка ќе ви го растрепери срцето.

На свадбениот ден, Диого Болант од Бразил сакал да направи нешто посебно за ќерката на својата идна сопруга и да ѝ приреди прекрасно изненадување.

За време на церемонијата, грижливиот маж клекна на колено и подавајќи ѝ прстен на малечката Исадора ја запраша: „Дали се согласуваш да ми бидеш ќерка засекогаш?“. Шестгодишното девојче со солзи радосници во очите одговори „Да“.

Следуваше прегратка која нема да ја заборави ниту еден гостин на прославата.

https://www.youtube.com/watch?v=OzKyfsO-7Yw

Прегледи:
349
Објавено на:
31.10.2016