Категории

Мажите кои ја имаат оваа карактеристика најлесно ги освојуваат женските срца

Можеби ќе ве изненади одговорот што жените го даваат на прашањето дали би избрале добар или згоден маж за врска.

Повеќето од нив ќе кажат дека ги привлекуваат згодни мажи, но истражувањата покажуваат дека алтруизмот и љубезноста се најважните особини за жените кои бараат врска. Студијата спроведена во Канада анкетирала мажи кои биле прашани дали прават добри дела како што се помагање на другите и давање во добротворни цели. После тоа морале да одговараат на прашања за бројот на партнери и колку често водат љубов.

Одговорите покажале дека мажите кои правеле повеќе добри дела имале повеќе партнерки и почесто интимни врски. Од оние кои веќе биле во емотивни врски, „добрите“ мажи имале повеќе врски во последните 30 дена од оние помалку алтруисти.Во друга студија, учествувале 202 жени. Им беа понудени слики и описи на различни мажи. Некои беа многу привлечни, додека други беа претставени како добронамерни и подготвени да помогнат.

Жените избрале себични и привлечни мажи за кратка авантура, додека за долготрајна врска сепак избираат мажи алтруисти, без разлика на привлечноста.

Прегледи:
491
Објавено на:
24.04.2022