Категории

Мажите не ги изневеруваат своите партнерки поради секс!

Брачниот советник Гери Њумен објаснува зошто мажите изневеруваат – не затоа што другата жена е попаметна или посекси, а не е ни поради сексот.

Њумен спровел истражување меѓу своите клиенти кои ги изневериле своите жени и девојки, за да дојде до заклучокот зошто мажите изневеруваат.

Главно се смета дека припадниците на “посилниот” пол изневеруваат поради секс, но ова ќе ве изненади – 92% од мажите не вараат поради таа причина.

Според мислењето на овој брачен советник, мажите се впуштаат во афери кога се во врска или брак поради тоа што не се емотивно исполнети.

“Мажите се многу поемотивни од што мислите. Ним не им е важен само физичкиот изглед”, вели Њумен.

Бидејќи 92% од мажите се изјасниле дека не изневеруваат поради секс, објасниле и кои се нивните причини поради кои се впуштиле во афера. Најчесто изневеруваат бидејќи се чувствуваат осамено, односно кога партнерката не им обрнува доволно внимание. Од друга страна, од љубовниците добиваат поддршка, внимание.

1 2

Прегледи:
759
Објавено на:
15.03.2016