Категории

Мажите и нивните шест видови љубов

Манија – љубов без контрола

Оваа љубов се базира на страстта и љубомората. Во центарот на љубовната двојка не се двајца, а само мажот. Поради тоа тој има потреба постојано да се докажува на сметка на останатите, вклучително и партнерката. Од него може да очекувате проблеми и љубомора. Се плаши не од тоа дека ќе ве изгуби, а од тоа дека ќе избегате од неговата власт.

Прагма – пресметана  љубов

Овој тип мажи бараат жена со која да им биде удобно, а не таква во која ќе се вљубат од прв поглед или со која имаат необуздан секс.  Изборот го прави според материјалната состојба и нејзината кариера и пресметува колку сте удобна за него. Не е подвластен на страсти и од него не очекувајте романтика и долголетие.

Сторге – љубов-пријателство

Ако ви раскажува за сите свои проблеми, како и за тие на неговите роднини до петто колено, тој ве смета за пријателка. Се ослонува основно на взаимната доверба. Но голема е веројатноста за брзо време да изгубите интерес еден кон друг.

1 2

Прегледи:
651
Објавено на:
02.04.2016