Категории

Мажите откриваат: Какво е чувството да спиете со девица?

Првиот секс е чувствителна тема, како за мажите така и за жените. Честопати се споменуваат безброј несигурности, стравови и (погрешни) претпоставки.

 

Ни беше прв пат и на двајцата

„Кога спиев прв пат со невина девојка, бев и јас невин. Бевме многу заљубени и тоа беше феноменално искуство – конечно ја изгубивме невиноста! Веќе не сме заедно, но сеуште сме многу добри пријатели.“

Со тек на време стануваше се подобро

„Таа имаше 27 години. Бевме заедно околу 1 месец и постојано се забавуваме. Неколку мнути се мазевме, а потоа имавме секс. Иако бев предупреден, ме исплаши количината на крв. Мојата девојка подоцна многу се промени. Нејзината желба за секс стана посилна и од мојата. Колку почесто имавме секс, тој беше се подобар и подобар.“

Стравот и несигурноста го прават своето

„Првиот пат најчесто не е ништо посебно. Стравот, неискуството и несигурноста најчесто не водат кон одличен секс. Вториот пат веќе е потполно различно. Затоа секогаш се обидувам врската да потрае.“

Тоа беше нежен секс

„Беше ОК. Ми рече дека сака да има секс прв пат во животот. Разговаравме на таа тема откако влеговме во врска. Беше нежен, но особено добар секс.“

Чекор по чекор

„Беше нервозна и смешно се однесуваше кога ја запрашав дали некогаш имала секс. Рече дека немала. Тогаш нејзината нервоза доби смисла. Се мазевме во креветот кога го дознав тоа. И реков дека може да првиме се што ќе посака и дека едноставно може да го истражува моето тело. Подоцна ми рече дека токму тоа и требало, а подоцна ја изгуби невиноста со мене.“

Потребно е да разговарате

„Една жена не сакаше да ми каже дека е девица. Наводно тоа на мажите им дава поголема моќ над партнерката. Кога се обидов да продрам низ неа се почувствував како да наидов на ѕид од мускули. Почнав да туркам посилно, а таа почна да плаче и дури ни тогаш не сакаше да ми каже што се случува. Нималку добро искуство!“

Полека и внимателно

„Беше подобро отколку што очекував. Бевме веќе половина година заедно. Не разгваравме за тоа, но знаев дека е девица. Тоабеше очигледно. Еден ден посака да спие со мене. Ставивме пешкир на кревето и започнавме. Моравме да бидеме многу внимателни и не беше баш така добро за мене – не можев ни да свршам. За среќа, немаше воопшто крв. Со тек на време сексот стануваше се подобар.“

Прегледи:
901
Објавено на:
30.04.2018