Категории

Мажите во овие 3 хороскопски знаци најтешко е да ги придобиете!

Бракот не е нешто за кое сите се стремат и за некои луѓе е незамисливо да го поминат животот само со една личност.

Кога станува збор за хороскопот, во овие три хороскопски знаци најчесто се раѓаат вечни ергени, кои ценат повеќе површни и кратки авантури од моногамијата.

Близнаци
Мажите родени во знакот Близнаци сé брзо им се здосадува, па дури и врската. Желни за авантура и откривање на нови работи, тешко им е да се замислат со една жена до крајот на животот. Интелигенцијата е најпривлечната карактеристика за нив.

Јарец
На Јарците им е тешко да прифатат моногамен животен стил и сметаат дека отворените врски се многу поприродни. Тие јасно им покажуваат и на своите потенцијални партнери, од кои исто така не се очекува да живеат во моногамија а неверството го сметаат само за емоционална прељуба.

Водолија
За Водолиите, моногамијата е нешто сосема неприродно, бидејќи се раѓаат како авантуристи кои живеат за да се забавуваат, да патувањаат и да запознаваат нови луѓе. Да се помине животот со едно лице е сосема незамисливо за нив, а тие претпочитаат кратки и интензивни познанства. Ова е причината зошто мажите во овој знак најчесто остануваат неженети.

Прегледи:
437
Објавено на:
11.09.2019