Категории

Мажите зборуваат: Пози кои ги мразам!

Општо е познато дека мажите секогаш сакаат секс без разлика на околностите и на позата. Сепак, зборувајќи со неколку од нив и повеќе од јасно е дека станува збор за само уште еден стереотип што веќе долго се провлекува како вистина.

Во прилог следат неколку изјави од припадници на посилниот пол кои откриваат што навистина мислат кога се во определена секс поза.

– Позата во која се гледаме во очи додека стоиме и се обидуваме да имаме секс едноставно ми нема смисла, после тоа секогаш ме болат рацете, така да мразам кога имаме секс во оваа поза.

– Не сакам кога девојката ќе ми седне на лице. Немам проблем со сексот, ама една обожаваше да ми седи на лице, поради што неколку пати за малку ќе се задушев. Звучи како да се шегувам, но чувството е премногу грозно.

– Мислам дена нема полоша поза од мисионерската. Здодевна е. Лежиме и водиме љубов како некои пензионери и не знам…Не сум среќен кога девојката сака ваков секс.

– Имам проблем со ексцентрични пози кога не знам ни каде да ја поставам ногата, а уште помалку како полесно да ги изведам движењата.

– Некои уживаат во неа, но за мене 69-та е тотално промашување особено кога таа е од горе. Мислам дека ќе ме задуши.

Прегледи:
437
Ознаки:
· · ·
Објавено на:
25.08.2016