Категории

Мече се спуштило на браната „Козјак“, вработените го нахраниле и си играле со него (ФОТО)

Мече на возраст од неколку месеци вчера се спуштило кај браната Козјак, а на социјалните мрежи се појавија фотографии од младенчето по кое се уште не е пристигната мајката, а вработените се сомневаат дека или е загубено, или пак мечката е убиена од криволовци – објави порталот “Инфомакс”.

Како што пренесуваат, мечето најпрво провалило во просториите, а откако успеале да го извадат надвор, вработените и го нахраниле со помош на цуцла. Мечето е питомо и барало друштво кај луѓето, информираат вработените.

Прегледи:
450
Објавено на:
08.03.2018