Категории

Меган Фокс за насловната на магазинот Cosmopolitan со отворено интервју

Меган Фокс ќе го краси февруарското издание на модниот магазин Cosmopolitan, покрај мини едиторијалот во кој позира во шик стајлинзи, таа откри и неколку детали околу својот професионален и приватен живот.

По раѓањето на двете деца, Меган кратко отсуствуваше од тв екраните и филмското платно. Откако во 2009 таа беше “отпуштена” од екипата на филмот Transformers 3 а на нејзино место дојде моделот Роузи Хантингтон-Вајтли, Меган конечно проговори за тоа како се чувствувала после тоа.

За режисерот Мајкл Беј кој стои зад Transformers франшизата таа изјави
“Тој сака да создаде репутација на луд и влијателен човек во филмската индустрија. Тој сака да е како Хитлер за време на снимањата, и всушност е. Страшно!”

31-годишната актерка откри дека отпуштањето од екипата беше нејзина најлоша точка во кариерата
“Да, тоа беше нешто најлошо во мојата кариера, но без тоа јас никогаш немаше да научам толку брзо колку што научив од тоа искуство. Се што требаше да направам беше да се извинам, но не го направив тоа. Бев толку сигурна дека сум во право, имав само 23 години и не можев да видам дека тоа било всупност за мое добро, односно за сите добри работи кои ќе ми се случат во иднина, навистина се почувствував како Јованка Орлеанка која се жртвуваше себеси за доброто на другите” притоа додаде дека сето тоа го смета за непроценливо искуство кое и помогнало доста да согледа на работите.

Меган исто така прогооври и за својата бисексуалност и за тоа дека отворено ги поддржува и останатите познати личности кои се бисексуалци.

Прегледи:
350
Објавено на:
30.10.2017